🎥 ОД ВЕЧЕРВА ЌЕ ВОЗИМЕ ПО ДЕЛНИЦАТА ПОДМОЉЕ-ОХРИД Еве како изгледа реконструираниот автопат
Се очекува комплетната изградба на автопатот Кичево – Охрид да заврши до крајот на 2026 година.
Од вечерва за сообраќај е пуштена делницата од Подмоље до Охрид, како дел од автопатот Кичево – Охрид. Оваа делница досега беше затворена поради градежни работи, а сообраќајот се одвиваше по стариот регионален пат.
По тој повод, увид во текот на денот извршија вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски и директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Коце Трајановски.
Тие информираа дека изградбата на автопатот се одвива согласно договорената динамика, и покрај, како што беше истакнато, бројните проблеми од минатото.
Според нив, градбата на автопатот била во целосен застој цели седум години за време на владеењето на СДСМ и ДУИ. Од моментот кога ВМРО-ДПМНЕ ја презеде власта, работите продолжиле со зголемено темпо.
Се очекува комплетната изградба на автопатот Кичево – Охрид да заврши до крајот на 2026 година.
Видеото кое прикажува од птичја перспектива како изгледа автопатот, погледнете го ТУКА.
