По пожар кој избувнал во камион на автопатот Скопје-Тетово вечерва, 32-годишниот возач со возило на брза помош бил пренесен во Клиничка болница. Огнот го зафатил товарното моторно возило додека се движело на автопатот од Скопје кон Тетово во близина на Групчин.
– Во 200 часот во СВР Тетово било пријавено дека на автопатот Тетово-Скопје во близина на Добарски мост било опожарено товарно возило „рено” со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Б.М (32) кој со возило на брза помош бил пренесен во Клиничка болница Тетово – информира Томислав Наумовски, портпарол на СВР Тетово.
Огнот на камионот е изгаснат од тетовските пожарникари.
– Територијалната противпожарна единица Тетово, интервенираше по пријава добиена во 19.55 часот. Интервенираа вкупно пет пожарникари со две возила, еден камион и едно специјално теренско возило за противпожарникарски интервенции – информира командирот Авни Амети.