📷 ЗОШТО БЕН Е СО ТОЛКУ МРАЧНО ЛИЦЕ? Првпат е „уловен“ како не се смее кога е со поранешната

1,506

Бен Афлек и Џенифер Гарнер досега останаа во исклучително добри и пријателски односи иако со години се разведени.

Сепак, нивното неодамнешно појавување на аеродромот за пристигнувањето на нивниот син Самуел повторно ги разгоре шпекулациите за проблеми во нивната врска, поради тоа што фоторепортерите со години ги „ловеа“ дека кога се заедно, секогаш се насмеани.






Според „Дејли мејл“, поранешната двојка е видена во малку напната атмосфера.

Џенифер изгледала целосно фокусирано на својот син, додека Бен Афлек оддавал впечаток на нервозен, криејќи се зад очилата за сонце и пушејќи цигара.

Медиумот коментира дека не била видлива интеракција меѓу нив се додека не дошол синот Самуел.

Афлек и Гарнер беа во брак од 2005 до 2018 година и заедно имаат три деца: Вајолет (19), Фин (16) и Семјуел (13). И покрај разводот и двајцата јавно истакнаа дека родителството им е приоритет и дека се трудат да одржат пријателски однос.

Поврзани содржини