🎥 МОДНИОТ ГАФ НА ШАКИРА ПРЕД 65.000 ЛУЃЕ Здолништето ѝ се скина во текот на концертот
Колумбиската пејачка Шакира во моментот е на светската турнеја „Las mujeres ya no lloran World Tour“, во рамките на која настапи во САД, но остави зад себе и еден посебен и впечатлив момент.
Колумбиската пејачка Шакира во моментот е на светската турнеја „Las mujeres ya no lloran World Tour“, во рамките на која настапи во САД, но остави зад себе и еден посебен и впечатлив момент.
Шакира го пееше хитот „Waka Waka“ пред 65.000 луѓе на стадионот „Кампинг ворлд“ во Орландо, Флорида, кога доживеа моден гаф. Како што може да се види на видеата што станаа вирални, здолништето на пејачката се расцепува одзади поради движењето на колковите, откривајќи дел од нејзиното тело.
bye se le vio la cola a Shaki 😭
y las caritas que hace. 😂🥹 pic.twitter.com/K2E8w2VCGL— 𝑨𝒏𝒕𝒉𝒐 𝒔𝒉𝒂𝒌𝒊𝒇𝒂𝒏 🐺 (@shakiraxspain) June 5, 2025
Пејачката одлично снашла, па се насмеала и продолжила како ништо да не се случило, пеејќи и танцувајќи.
Моментот го снимија обожавателите од публиката, а многумина ја пофалија нејзината реакција.
„Секогаш прекрасна, каков пех“, „Ја обожавам, таа е најдобра“ или „Толку слатка, Шак“, напишаа тие.
Колумбиската пејачка одржа неколку концерти во Орландо и Мајами, каде што приреди вистински двочасовен спектакл со ВИП гости како Озуна и Алехандро Санц.
Потоа, Шакира ја продолжува својата турнеја во САД и Мексико, а наскоро ќе дојде и во Европа, но точниот распоред на концерти сè уште не е познат.