📽 ЏЕЈМИ ОЛИВЕР ОТВОРИ РЕСТОРАН ВО ТИВАТ Наскоро „Џејмис Италијан“ ќе има и во Подгорица

Црна Гора, тука сме! Дојдете на чинија со рачно изработени тестенини, морски плодови, свежи салати, автентични пици и неодоливи десерти. Уживајте во вистинска италијанска гозба во срцето на Порто Монтенегро, напиша светски познатиот готвач на својот официјален Фејсбук профил, постирајќи снимка од отворањето на ресторанот.

118

Џејми Оливер, глобално познатиот британски готвач, официјално стапна на црногорската гастро-сцена со отворање на својот прв ресторан „Џејмис Италијан“ во луксузниот комплекс Бока Плејс, дел од елитната марина Порто Монтенегро во Тиват.

Ресторанот нуди препознатлива италијанска кујна, со фокус на свежи состојки, рачно изработени тестенини, пици печени на дрва, и десерти кои ве враќаат во срцето на Италија.






„Црна Гора, тука сме! Дојдете на чинија со рачно изработени тестенини, морски плодови, свежи салати, автентични пици и неодоливи десерти. Уживајте во вистинска италијанска гозба во срцето на Порто Монтенегро“, напиша светски познатиот готвач на својот официјален Фејсбук профил, постирајќи снимка од отворањето на ресторанот.

Порталот „Инвеститор“ открива дека втор ресторан од истиот бренд ќе биде отворен и во Подгорица, во „Капитал Плаза“, што дополнително ќе го зацврсти присуството на Оливер на црногорскиот пазар.

Брендот „Џејмис Италијан“, основан во 2008 година, има за цел да понуди достапно, семејно и автентично кулинарско искуство. Со нагласок на одржливоста и традицијата, Оливер ги освои љубителите на гастрономијата низ целиот свет, а сега и на Јадранот.

Бока Плејс, каде што е сместен новиот ресторан, е најновата фаза од развојот на Порто Монтенегро, марина и станбен комплекс кој ги спојува шопингот, гастрономијата и здравиот живот во едно модерно урбано јадро.

Отворањето на овој ресторан е уште еден сигнал дека Црна Гора сè повеќе се позиционира како дестинација за висококласен туризам и врвна кујна, со сè поистакнато место на мапата на светската гастро-елита.

Поврзани содржини