📽 КРВАВА ВЕЧЕР ВО ТОРОНТО Пукање со жртви и со повредени
Според досегашните информации, маж на возраст од 40 години починал на самото место, а четири мажи и една жена со повреди се префрлени во болница. Полицијата информира дека се трага по повеќе осомничени.
Во престрелка што се случи синоќа во квартот Лоренс Хајтс во Торонто, Канада, едно лице го загуби животот, а уште петмина се повредени, објави Си-Ти-Ви њуз.
Повикот за настанот до полицијата бил примeн околу 20:30 часот, а службите по доаѓањето затекнале ранети лица меѓу зграда и улица.
Според информациите, 40-годишен маж починал на лице место, додека повредените – четворица мажи и една жена – се хоспитализирани со повреди кои не се животозагрозувачки.
Полицијата информира дека се трага по повеќе осомничени и сè уште не е познато дали сторителите побегнале со возило. На местото не е пронајдено оружје.
Истражните активности и испрашувањето на сведоците се во тек. Градоначалничката на Торонто, Оливија Чау, изрази вознемиреност и благодарност до службите за итни интервенции.
Иако полицијата тврди дека нема закана за јавноста, ги повикува граѓаните, кои имаат информации, да се јават.