КАКО ДА ГО СОВЛАДАТЕ ПРОЛЕТНИОТ ЗАМОР? Портокал и ленено масло за повеќе енергија
Портокалот во комбинација со ленено масло ја враќа изгубената енергија. Портокалот затоа што е богат со витамин Ц, калциум и фолна киселина, а маслото – за да го забави порастот на овошните шеќери од портокалот во крвотокот и да обезбеди рамномерно создавање на енергија во траење од неколку часа.
Намалениот внес на витамини и слабата физичка активност во зимските месеци се само некои од причините за пролетниот замор, кој често со себе носи поспаност, слабост и недостаток на енергија.
Ако и вие страдате од пролетен замор или едноставно имате недостаток на енергија во кој било период од годината, направете го овој едноставен напиток кој ќе ви помогне брзо да ја вратите изгубената енергија. Едноставните шеќери кои наеднаш ги внесуваме во организмот преку консумирање слатки се брзо решение за зголемување на енергијата кое трае помеѓу 15 и 40 минути.
Енергетски пијалак
Долготрајниот ефект се крие токму во портокалот, кој во комбинација со лененото масло ја враќа изгубената енергија. Богат е со витамин Ц, калциум и фолна киселина, а маслото е таму за да го забави порастот на овошните шеќери од портокалот во крвотокот и на тој начин обезбедува рамномерно создавање на енергија во траење од неколку часа.
Повеќе за ова на „Арт кујна“.