ЗАГИНА ВОЗАЧ НА ПАТОТ ПРИЛЕП-ГРАДСКО Излетале два камиона

Инцидентот се случил во близина на приклучокот за автопатот Неготино–Велес, околу 22:30 часот, соопшти МВР.

545

Две товарни возила излетале од патот Прилеп-Градско, а едно лице починало од здобиените повреди, информираше МВР.

Синоќа во 22:30 часот во СВР – Велес било пријавено дека на експресниот пат Прилеп-Градско, пред приклучокот за автопатот Неготино-Велес, товарно возило „рено мастер“ со кривопаланечки регистарски ознаки, управувано од А.Ѓ., на возраст од 42 години од Крива Паланка, излетало од коловозот и удрило во заштитна ограда.






Потоа, М.В., на возраст од 44 години од село Трубарево, скопско, кој управувал товарно возило „ман“ со скопски регистарски ознаки, избегнувајќи го товарното возило „рено“, со возилото излетал од коловозот и удрил во метална ограда.

„Во несреќата, со тешки телесни повреди се здобил возачот на товарното возило ‘рено мастер’ и е пренесен во Општата болница во Велес, каде што во 1:30 часот, денеска, починал“, појаснија од МВР.

ПРЕКИНАТ Е СООБРАЌАЈОТ НА АВТОПАТОТ ГОСТИВАР-ТЕТОВО Камион се превртел од патот

Поврзани содржини