ОБВИНИТЕЛСТВОТО НЕ СЕ СОГЛАСУВА СО КУЌЕН ПРИТВОР ЗА ВАСЕВ И ЗА НУХИ Бара ефективен притвор за обвинетите во „Онкологија“

Обвинителството смета дека одлуката за куќен притвор е недоволна за да се обезбеди непречено водење на постапката и побара од Апелацискиот суд таа да биде заменета со ефективен притвор. Според обвинителството, обвинетите се соочуваат со сериозни кривични дела за кои се предвидени високи казни, а постојат и околности што укажуваат на ризик од бегство, поради што поблага мерка, како куќен притвор, не е соодветна ниту доволно сигурна.

198

Основното јавно обвинителство Скопје вложи жалба на решението со кое Основниот кривичен суд Скопје определи мерка куќен притвор за двајца обвинети во предметот “Онкологија”.






„Јавниот обвинител е незадоволен од одлуката и бара од Апелацискиот суд да ја преиначи во ефективен притвор бидејќи цени дека со поблага мерка не може да се гарантира непречено водење на кривичната постапка. Имајќи предвид дека со двете поднесени обвиненија на обвинетите им се ставаат на товар повеќе тешки кривични дела за кои се запретени високи затворски казни, како и другите околности кои укажуваат на опасност од бегство, мерката куќен притвор не претставува доволно ефикасна заштита“, велат од ОЈО Скопје.

Кривичниот совет при Основниот кривичен суд во Скопје вчера им определи мерка „куќен пртвор“ на двајцата поранешни директори на Онкологија, Нино Васев и на организацискиот директор Нехат Нухи.

„Кривичниот совет при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство Скопје, за определување мерки за обезбедување присуство против две лица, доставен до судот заедно со обвинителен акт за предметот во јавноста познат како „Онкологија“, по одржана седница во присуство на странките донесе решенија со кои против обвинетите Н.В. и Н.Н се определува мерка куќен притвор, а воедно останува во сила претходно определената мерка за претпазливост – одземање на патна исправа и забрана за издавање нова, поради постоење на околностите од чл. 165 ст. 1 т. 1 од ЗКП односно Опасност од бегство“, информираа од Кривичниот суд.

ЗОШТО ОБВИНИТЕЛОТ БУБЕВСКИ ГО ШТИТИ ВЕНКО ФИЛИПЧЕ? Поранешниот министер е директно одговорен за случајот Онкологија, обвинува владејачката партија

Поврзани содржини