ДАЛИ СТЕ СЛУШНАЛЕ ЗА ЕНДО-ФРЕНДЛИ ИСХРАНА? Диететичарка препорачува пет намирници кои ги ублажуваат симптомите на ендометриоза
Ваквиот начин на исхрана може да биде помош при една од најболните болести кај жените
Нутриционистка која живее со ендометриоза, хронична и многу болна болест, ги споделува своите совети за најдобар појадок со желба да им помогне и на другите полесно да ги контролираат симптомите на оваа тешка болест.
Ендометриозата е едно од најчестите гинеколошки заболувања кај жените ширум светот. Бројот на жени кои имаат ендометриоза се зголемува од година во година. Се смета дека 200 милиони жени страдаат од ендометриоза. Тоа не е фатална болест. Сепак, може да предизвика замор, силна болка за време на менструален циклус и сексуален однос, болка при мокрење и неплодност.
Синди Дабровска, нутриционистка специјализирана за ендометриоза, која и самата страда од болеста, ги охрабрува другите со истата дијагноза да размислат за таканаречена „ендо-френдли“ диета или едноставно да воведат неколку намирници во нивното дневно мени што ќе им помогнат да ги држат симптомите на болеста под контрола.
Повеќе за ова на порталот „Мајка и дете“.