ФИЛИПЧЕ Е ДО ГУША ЗАГЛАВЕН ВО СКАНДАЛОТ СО ОНКОЛОГИЈА Ветуваше европско, а создаде Менгеле здравство, обвини ВМРО-ДПМНЕ

Крахот на македонското здравство во време на Филипче и СДСМ доведе до агонија кај пациентите, пациенти без терапии и без лекови, неефикасен систем на закажување термини и до егзодус на лекарите. Филипче дозволи здравствениот систем да се распадне, соопшти ВМРО-ДПМНЕ

420

Венко Филипче беше најлошиот менаџер и министер за здравство во историјата на Македонија. Двете обвиненија за случајот Онкологија се доказ плус за тоа, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„СДСМ на чело со Филипче како ексминистер за здравство предизвика огромни финансиски загуби, но и директно ги оштети онколошки болните, кои остануваа без терапија. Деструктивните политики на Филипче и СДСМ го уништија македонското здравство“, се вели во соопштението.






Во времето на СДСМ и Филипче, се додава, имаше бројни скандали во здравството, како историскиот скандал на Онкологија,

„Мандатот на Филипче беше обележан и со недостиг на регистар за следење на онколошката терапија. Филипче е до гуша заглавен во скандалот со Онкологија. Филипче и Заев ветуваа европско здравство, а го претворија во Менгеле здравство. Со целосен крах на здравствениот систем, поради лукративни причини“, се вели во соопштението.

Филипче и СДСМ треба да знаат дека граѓаните повеќе нема да дозволат да бидат жртви на валканите игри кои со години го уништуваа здравствениот систем, додава ВМРО-ДПМНЕ.

„Не постои семејство во државата кое не е засегнато директно или индиректно со Онкологија и со работата на оваа здравствена установа. Во време на Филипче како министер за здравство, здравјето на граѓаните беше заложник на бизнис мафијата блиска до СДСМ. Последиците од Филипче и СДСМ во здравството се катастрофални и штетни. Крахот на македонското здравство во време на Филипче и СДСМ доведе до агонија кај пациентите, пациенти без терапии и без лекови, неефикасен систем на закажување термини и егзодус на лекарите. Филипче дозволи здравствениот систем да се распадне. СДСМ е синоним за корупција криминал и предавство“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

 

Поврзани содржини