19-ГОДИШНИОТ ТАЛЕВСКИ Е ХЕРОЈОТ НА ВАРДАР „Црвено-црните“ со освоија Купот и обезбедија виза за Европа

Херој на финалето беше 19-годишниот Михаил Талевски, кој со два гола го донесе големиот трофеј во витрините на најтрофејниот македонски клуб.

590

Вардар повторно пишува историја. Во финалето од Купот на Македонија одиграно вечерва, „црвено-црните“ славеа со 2-0 над Струга Трим Лум, обезбедувајќи пехар и пласман во Европа – и тоа по драматична сезона во која се бореа за опстанок.

Херој на финалето беше 19-годишниот Михаил Талевски, кој со два гола го донесе големиот трофеј во витрините на најтрофејниот македонски клуб.






Првиот гол падна во 26 минута, по пробив на Јанкулов по десната страна. Тој нафрли до Талевски, кој со прецизен удар од десетина метри ја смести топката во долниот лев агол од мрежата на Струга.

На почетокот од второто полувреме, во 49 минута, младиот напаѓач уште еднаш се најде на вистинското место и ја затресе мрежата за конечни 2-0.

Херојот на „црвено-црните“ Михаил Талевски по мечот не ја криеше радоста.

– Среќен сум, пресреќен. Како прво што играв во ова големо финале, што ги постигнав двата гола. Секако дека сум пресреќен што за победата, и за тоа дека сум дел од овој победнички Вардар – рече Талевски.

Со оваа победа, Вардар не само што го освои Купот туку и избори настап во Лигата на конференции – награда за извонредниот пролетен дел од сезоната, во кој тимот се трансформираше од кандидат за испаѓање во европски патник.

Поврзани содржини