СПРЕЧЕНИ РЕГРУТИ ДА БЕГААТ ОД УКРАИНА Повеќе од 49.000 мажи запрени на границите од почетокот на војната

Според украинските власти, речиси 900 организирани групи биле откриени, чија цел била илегално бегство од земјата, со помош од шверцери. Овие криминални мрежи нуделе „услуги“ за бегство, а цените за ваква операција достигнувале од 4.500 евра до дури 11.000 евра по лице.

1,271

Украинските погранични сили денеска објавија дека од почетокот на руската инвазија врз земјата во 2022 година, спречиле околу 49.000 мажи на возраст за регрутација да ја напуштат Украина нелегално.

– Околу 45.000 од нив беа фатени директно на таканаречената зелена граница, односно на неофицијални премини или при проверки во пограничните области – изјави портпаролот на Државната погранична служба, Андриј Демченко, во онлајн емисија. Другите мажи биле сопрени на официјалните гранични премини.






Според украинските власти, речиси 900 организирани групи биле откриени, чија цел била илегално бегство од земјата, со помош од шверцери. Овие криминални мрежи нуделе „услуги“ за бегство, а цените за ваква операција достигнувале од 4.500 евра до дури 11.000 евра по лице.

Од почетокот на руската инвазија на 24 февруари 2022 година, во Украина е во сила воена состојба, а важи и наредба за општа мобилизација. Согласно законот, мажите на возраст од 18 до 60 години не можат да ја напуштат земјата, освен доколку добијат специјална дозвола од локалната канцеларија за одбрана.

Сепак, според податоците, повеќе од 800.000 украински мажи на возраст за регрутација успеале да ја напуштат земјата и да добијат заштитен статус во земјите-членки на ЕУ, и покрај строгите ограничувања.

Поврзани содржини