СЛУШАЈТЕ ЈА ИНТУИЦИЈАТА Вашето тело знае пред вас кога е крај на врската
Ако се чувствуваме исцрпено дури и по добар сон или сме постојано вознемирени, особено во присуство на партнерот, веројатно е дека нашите нивоа на кортизол се значително покачени. Дали вашите хормони можеби ве предупредуваат за црвено знаменце во врската?
Велат дека треба да ја слушате својата интуиција, но можеби би било уште подобро да ги слушате сопствените хормони. Експертот за хормонално здравје Мајк Кочис од британската компанија Balance My Hormones објаснува како нашето тело, преку хормонски промени, може да сигнализира дека нешто не е во ред во врската, дури и пред самите да го сфатиме тоа.
Ако се чувствуваме исцрпено дури и по добар сон или сме постојано вознемирени, особено во присуство на партнерот, веројатно е дека нашите нивоа на кортизол – хормонот на стрес – се значително покачени.
„Кортизолот е главниот хормон на стрес. Неговата функција е да ви помогне да останете будни и брзо да реагирате во ситуации на опасност, но ако сте во врска што изгледа небезбедна, непредвидлива или премногу тешка, телото може да ги перцепира дури и секојдневните интеракции како закана. Затоа постојано сте во блага состојба „бори се или бегај“, изјавил Кочис за „Мирор“.
Прочитајте повеќе на „Мајка и дете“.