ТАКОВ КРСТ НЕ НОСЕЛ НИЕДЕН ПАПА ПРЕТХОДНО Изгравираните реликвии ја откриваат историјата на Лав

Крстот содржи реликвии од светци поврзани со августинскиот ред, на кој му припаѓа папата. Во средината е фрагмент од коска на Свети Августин, а над него — од Света Моника, мајката на светецот. Папата Лав е особено посветен на нив, како што беше и неговиот претходник Франциск.

485

Папата Лав XIV се појави на инаугуративната миса со златен крст со реликвии, каков досега не носел ниту еден негов претходник. На официјалната фотографија од Ватикан, која ќе се дели како подарок за верниците, Лав е полунасмеан и носи реликвија која му била подарена кога бил прогласен за кардинал.

Крстот содржи реликвии од светци поврзани со августинскиот ред, на кој му припаѓа папата. Во средината е фрагмент од коска на Свети Августин, а над него — од Света Моника, мајката на светецот. Папата Лав е особено посветен на нив, како што беше и неговиот претходник Франциск.






Крстот му бил подарен на 30 септември 2023 година.

Сликата, пак, која Ватикан ќе ја дели на верниците е потпишани со името „Лав“ на латински и кратенката „pp“ (Pontifex pontificum).

Лав XIV, роден како Роберт Францис Превост во Чикаго, е првиот американски и првиот августинец што станал папа. Завршил математика на Виланова, а потоа и канонско право во Рим. Години поминал како мисионер и епископ во Перу, а во 2023 година папата Франциск го назначи за префект за епископи. На 8 мај 2025 година беше избран за 267. папа во историјата на Католичката црква.

Поврзани содржини