ОЧИГЛЕДНО НЕ МОЖЕМЕ, НЕМА „ШТО АКО“! Јокиќ не вртеше одоколу и кажа што мисли за мечот со Оклахома

Оклахома Сити Тандер се пласираат во финалето на Западната конференција со Минесота по убедливата победа од 125:93 над Денвер во последниот, седми натпревар од серијата.

1,043

„Не го освоивме првенството, па очигледно не можеме. Да можевме, ќе го сторевме тоа. Не верувам во тие приказни ‘што ако’. Имавме шанса, не го освоивме рингот, па не мислам дека можеме“.

Вака изјави познатиот српски ас Никола Јокиќ на прес-конференцијата по поразот на Денвер. Тој директно им кажа на присутните што мисли во врска со мечот со Оклахома Сити Тандер.






Јокиќ постигна 20 поени, 9 скока и 7 асистенции во тој натпревар, но Оклахома беше подобар ривал и се пласираше понатаму во борбата за рингот.

Оклахома Сити Тандер се пласираат во финалето на Западната конференција со Минесота по убедливата победа од 125:93 над Денвер во последниот, седми натпревар од серијата.

Еден од најдобрите кошаркари на денешницата истакна дека искуството од играњето за Србија на Олимписките игри ги подобрило неговите играчки вештини, а кога станува збор за Евробаскетот, кој Србија го игра во Латвија од крајот на август, рече дека ќе го земе предвид својот настап.

– Морам да одлучам за тоа. Ќе треба да разговарам со тренерите и со некои од главните играчи. Ќе видиме, но од сега па натаму, веројатно ќе има многу пиво во следните неколку дена – рече Никола Јокиќ.

Поврзани содржини