📽️ СЕ КАРАА ВО БЕЛАТА КУЌА, СЕ РАКУВАА НА МИСАТА ВО РИМ Зеленски и десната рака на Трамп кратко се поздравија во Ватикан
Поздравувајќи се на настанот на кој присуствуваа лидери од целиот свет, Володимир Зеленски и Џеј Ди Венс како да сакаа да го исправат тензичниот состанок во февруари кога си разменија неколку огнени реченици. Зеленски имаше аудиенција кај новиот папа Лав кој претходно го понуди Ватикан како место за можни преговори за мир во Украина.
Потпретседателот на САД и украинскиот претседател се ракуваа за време на церемонијата на инаугурирање на новиот папа во Рим, што е сосема спротивно на нивната јавна расправија во Белата куќа во февруари, во присуство на американскиот претседател, коментираат медиумите во САД.
Поздравувајќи се на настанот на кој присуствуваа лидери од целиот свет, Володимир Зеленски и Џеј Ди Венс како да сакаа да го исправат тензичниот состанок во февруари кога си разменија неколку огнени реченици.
Десетци илјади верници се собраа во неделата, 18 мај, во Рим, по втор пат за помалку од еден месец, за да бидат сведоци на востоличувањето на папата Лав XIV за нов поглавар на Католичката црква.
Зеленски утринава имаше и приватна аудиенција со папата, станувајќи прв политичар кој се сретна со Лав по неговиот избор. Тие претходно зборувале по телефон, при што папата ја изрази својата поддршка за Украина.
Лав XIV минатата недела го понуди Ватикан како потенцијално место за мировни разговори за војната во Украина, поканувајќи ги двете страни:
– Ајде да се сретнеме, да разговараме, да преговараме – порача тој.