„АХМЕТИ ГИ ДЕЛИ АЛБАНЦИТЕ ЗА ДА ГО СПАСИ СВОЈОТ ФАМИЛИЈАРЕН КАПИТАЛ“ Таравари е неговата последна жртва, обвини Вреди

За да го заштити овој огромен капитал, Ахмети постојано креира поделби и лажни алијанси меѓу албанските партии, реагираше Вреди преку соопштение.

487

Али Ахмети 20 години ја претвора државата во приватен пазар за богатење на своето семејство. Додека синот, внуците и зетот градат фотоволтаични централи од 35 милиони евра, купуваат трговски центри вредни 30 милиони евра без да вложат денар, прават бизнис со мазут, тој ја врши работата на политички терен, обвини Вреди преку соопштение.

„За да го заштити овој огромен капитал, Ахмети постојано креира поделби и лажни алијанси меѓу албанските партии. Последната жртва е Арбен Таравари, кој од лидер што го нарекуваше ДУИ ‘канцер’ и Ахмети ‘корумпиран’, сега преговара со истиот човек и истата партија. Таравари се полакоми по лажните ветувања: подрршка на локални избори, неограничени добивки и лични привилегии. Но, историјата покажува дека секој што влегол во пазар со Ахмети, останал без доверба, без резултати и без иднина – додека семејството Ахмети станува сè побогато. Нашата порака до Арбен Таравари е дека првиот чекор кон Ахмети е последниот чекор во кредибилитетот пред граѓаните. Албанците не простуваат акробација за личен интерес. Вреди нема да дозволи нови пазари со судбината на нашиот народ. Нула толеранција за корупција, транспарентна власт и обединување на сите искрени прогресивни сили – тоа е нашиот пат. Кога Ахмети дели, ние обединуваме. Кога Ахмети пазари за свој ќар, ние се бориме за интересот на сите Албанци“, се вели во соопштението.

Поврзани содржини