СЕ ОЧЕКУВА РАСТ НА ЕКОНОМИЈАТА ОД 4% ВО ПРВИОТ КВАРТАЛ Мицкоски е задоволен од економските резултати

Во 2024 година имавме 1,255 милијарди евра странски директни инвестиции, рече премиерот Христијан Мицкоски во интервју за Euronews, зборувајќи за економската состојба

60

Македонија е земја со најголем број странски инвестиции по глава на жител во Европа. Во 2024 година имавме 1,255 милијарди евра странски директни инвестиции, рече премиерот Христијан Мицкоски во интервју за Euronews, зборувајќи за економската состојба

– Инфлација март месец 2,7% на годишно ниво, на месечно ниво 1,3%, значи дефлација. Дури и потрошувачката кошничка којашто ја пресметува синдикатот има намалување на цените во споредба со претходната година. Април месец 2,6%, а на месечно ниво 0,6%. Платите, пак, растат од 9 до 10% на годишно ниво. За економијата и БДП Светска банка ни предвидуваше 1,8%, а ние во 2024 година имавме 2,8%, поради силниот раст над 3% во третиот и четвртиот квартал во 2024 година. Во првиот квартал од 2025 очекувам до 4%, а може и над 4%. Тоа се бројки, а јас сум математичар и сакам да зборувам за бројки, а бројките се рефлектираат на практиката – рече Мицкоски.






Тој рече и дека граѓаните живеат тешко, како и сите во регионот, но она што е разлика од пред една година е тоа што „се враќа конечно надежта дека можело да не биде”.

Поврзани содржини