НОВИТЕ СТАРОМОДНИ ДОМАЌИНКИ Кои се младите жени кои сакаат да бидат само сопруги и мајки?

Тредвајф е неологизам, нов израз за традиционална сопруга или традиционална домаќинка, релативно нов тренд меѓу младите девојки кои сакаат на жените да им ја вратат нивната првобитна улога, на сопруга, мајка и домаќинка

119

Најновиот тренд на Тик-Ток собра многубројни жени-домаќинки кои цврсто ја отфрлаат идејата на феминизмот. Тие секојдневно објавуваат видеа од своите семејни обврски на гореспоменатата мрежа со хаштагот tradwife, за да му дадат до знаење на светот дека се независни домаќинки.

„Никогаш не сум верувала дека жените треба да работат ако се во брак и имаат деца“, вели 25-годишната корисничка Ести Вилијамс во своето видео, додека друга додава: „Ние жените сфативме дека можеме да се натпреваруваме со мажите; но по која цена?“






„Гледам дека жените се оддалечиле од своите првобитни улоги, за да се натпреваруваат со мажите“, „Тоа е погрешно. Ние сме жени и треба да го разбереме тоа“, „Библијата конкретно зборува за родовите улоги, и јас целосно го поддржувам тоа“, се само дел од коментарите од ордите горди домаќинки.

Повеќе за ова прочитајте ТУКА.

Поврзани содржини