ЖЕРАР ДЕПАРДЈЕ ПРОГЛАСЕН ЗА ВИНОВЕН Еве што им правел актерот на жените за време на снимањето

Жерар Депардје, најголемата француска филмска ѕвезда, кој има снимено повеќе од 200 филмови и телевизиски серии, е најистакнатата фигура во француската филмска индустрија во случај што претставува едно од најзначајните судења за #MeToo пред француските судови.

2,087

Францускиот актер Жерар Депардје беше прогласен за виновен за сексуален напад врз две жени во 2021 година на снимање филм. Судот во Париз го осуди на условна казна од 18 месеци и парична казна од 20.000 евра.

Актерот (76) беше осуден за непристојно допирање на 54-годишна сценографка и 34-годишна помошничка режисерка за време на снимањето на „Les Volets Verts“ во Париз, додека Депардје веќе беше под истрага поради обвинувања дека силувал млада актерка во 2018 година. Обвинителството побара и овој случај да оди на суд.






Жерар Депардје, најголемата француска филмска ѕвезда, кој има снимено повеќе од 200 филмови и телевизиски серии, е најистакнатата фигура во француската филмска индустрија во случај што претставува едно од најзначајните судења за #MeToo пред француските судови.

„Ме допираше, не можев да се оттргнам“

Како што беше наведено на суд, Депардје ја зграпчил сценографката Амели К., една од жртвите, за колковите и задникот, ја повлекол кон себе и ги допрел нејзините гради. Како што рече, не можеше да се ослободи од неговиот стисок, додека тој зборуваше за едноставност.

Нападот се случил на снимањето на филмот, додека несреќната жена била на телефон обидувајќи се да најде чадори што требало да се користат за филмот, пишува „The Guardian“.

– Тој допираше сè, вклучувајќи ги и моите гради. Бев преплашена, а тој се смееше – рекла таа пред судот.

Депардје беше осуден и за сексуален напад врз помошник-режисер во истиот филм. Наводно, тој ги допирал нејзините гради и задник во три наврати. Таа тврди дека актерот ја допирал на снимањето и на улицата.

Срамната одбрана на Депардје: „Некои жени премногу лесно се шокираат“

Актерот се изјасни за невин. Тој рече дека на судењето, медиумите ги искористиле обвинувањата против него за да му го нарушат угледот. Депардје категорично ја негираше вината и за време на судењето рече дека „некои жени премногу лесно се шокираат“.

Неговиот адвокат побара обвиненијата да бидат отфрлени, но судијата Тиери Донард ги сметаше објаснувањата на Депардје за неубедливи.

Поврзани содржини