„НЕ СУМ ГЛУПАВ ДА ОДБИЈАМ БЕСПЛАТЕН АВИОН ОД 400 МИЛИОНИ ЕВРА“ Трамп им ги затна устите на критичарите

Трамп се обиде да ги отфрли грижите на противниците велејќи дека нема да лета со подарениот „Боинг 747“ кога ќе му заврши мандатот.

642

„Никогаш не би бил од оние што би одбиле таква понуда“, изјави американскиот претседател во врска со најавата на Катар да подари авион „Боинг 747“ вреден 400 милиони долари на САД, кој би го заменил претседателскиоот авион Air Force One стар 40 години.

– Можев да бидам глупав човек и да кажам: „Не, не сакаме бесплатен, многу скап авион“ – изјавил Трамп, препесе АП.






Критичарите се загрижени дека примањето на таков подарок може да отвори низа етички, правни, безбедносни и контраразузнавачки проблеми.

– Ова е без преседан – рече Џесика Левинсон, експерт за уставно право на Правниот факултет Лојола.

Трамп се обиде да ги отфрли грижите на противниците велејќи дека нема да лета со подарениот „Боинг 747“ кога ќе му заврши мандатот.

Наместо тоа, рече тој, авионот од 400 милиони долари ќе биде дониран на идната претседателска библиотека, слично на тоа како Боинг 707 што го користел претседателот Роналд Реган беше ставен вон функција и изложен како музејски експонат.

Со раскошни церемонии, Саудиска Арабија, Катар и ОАЕ се подготвуваат да го пречекаат американскиот претседател.

Ова е втора негова посета по посетата за време на неговиот прв претседателски мандат во 2017 година.

Се очекува Трамп да го прими авионот-подарок од кралското семејство.

🎥 ТРАМП ЌЕ ДОБИЕ ЗЛАТЕН АВИОН ОД КАТАР Го викаат „летечка палата“, таков луксуз не сте виделе

Поврзани содржини