ФИЛИПЧЕ ДА ГО КАЖЕ ИМЕТО НА БОЛНИЦАТА Од каде му е нему златна виза и како дошол до неа?
Македонската јавност заслужува одговори. Филипче мора да одговори на тоа од каде му е нему златна виза и како дошол до неа? Дали има приватен бизнис кој го крие од јавноста? Дали можеби Филипче има удел во бизнисот на Заев за градење 50 катница во Дубаи? Филипче и Заев треба да се минато во македонската политика и да одговараат за нивните предавства и криминал, порача ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.
Филипче молчи за потеклото на златната виза за Дубаи, која може да се добие само преку инвестиции. Филипче 3 месеци ја лаже македонската јавност. Прво велеше дека нема виза, па потоа призна дека има. Овие менувања на ставови на Филипче, не се нови, реагираше ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.
„Лаги и менување на ставови на дневна основа, правеше неговиот ментор, Зоран Заев. Филипче како чирак и ученик на Заев, продолжува по неговите стапки. Ем лаже, ем манипулира, ем златна виза за Дубаи. Македонската јавност заслужува одговори. Филипче мора да одговори на тоа од каде му е нему златна виза и како дошол до неа? Дали има приватен бизнис кој го крие од јавноста? Дали можеби Филипче има удел во бизнисот на Заев за градење 50 катница во Дубаи? Филипче и Заев треба да се минато во македонската политика и да одговараат за нивните предавства и криминал. Филипче, Заев и СДСМ се синоним за неспособност, криминал и предавство“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.