ЛИЧНО ЌЕ МУ ГИ ОБЈАСНАМ РАБОТИТЕ НА МИЦКОСКИ Таравари смета дека премиерот е жртва на некакви уверувања

Премиерот Мицкоски изминатиот период беше под голем притисок поради повеќе причини. Жал ми е што слушам дека и тој станува жртва на некакви уверувања. Единствената вистина е дека нашата партија одлучи да настапи со посебни листи за советници на локалните избори - изјави Арбен Таравари за ТВ21.

3,834

Министерот за здравство и лидер на едното крило на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари, најави дека наскоро ќе се сретне со премиерот Христијан Мицкоски за да му ја објасни, како што рече, вистинската слика околу последните случувања во Владата и околу одлуката на неговото крило на партијата.

– Премиерот Мицкоски изминатиот период беше под голем притисок поради повеќе причини. Жал ми е што слушам дека и тој станува жртва на некакви уверувања. Единствената вистина е дека нашата партија одлучи да настапи со посебни листи за советници на локалните избори – изјави Таравари за ТВ21.






Според него, токму оваа одлука предизвикала незадоволство кај дел од албанските структури во Владата, кои, како што вели, започнале да шират алибија и гласини.

– Не сакаме повеќе да бидеме дел од таа клима на сомнежи, шпекулации и заговори. За жал, дел од политичарите Албанци во Владата не можат да се променат – тие се производ на стар политички менталитет – додаде Таравари.

Тој најави дека ќе го информира премиерот за конечната одлука на неговото крило на Алијанса за Албанците, со цел да расчисти сите нејаснотии.

МИЦКОСКИ ГО КАНИ ТАРАВАРИ НА „СИКТЕР КАФЕ“ Лидерот на Алијанса за Албанците одлучил да замине во прегратките на Ахмети

Поврзани содржини