🎥 МАЖ СО НОЖ СЕ ЗАКАНУВАШЕ НА ШИРОК СОКАК Полицијата го приведе по брза постапка
Лицето е пронајдено и приведено, се врши спровод до ПСОН Битола и се преземаат мерки за пронаоѓање на оружјето и оштетениот - велат од МВР.
Попладнево непознат маж со нож се шеташе и се закануваше по Широк Сокак во Битола.
– Денеска (09.05.2025) на ул. Св.Кирил и Методиј во Битола полициски службеници го лишија од слобода М.Ш.(36) од Битола, затоа што претходно, пред угостителски објект на ул. Широк сокак со остар предмет се заканувал кон 41-годишен државјанин на Австралија. По документирање на случајот, против М.Ш. ќе биде поднесена кривична пријава за загрозување на сигурноста со опасно орудие при тепачка или караница – велат од МВР.