СДСМ БЕСРАМНО ЈА ПОЛИТИЗИРА ТРАГЕДИЈАТА ВО КОЧАНИ Бараат да се донесе закон за настраданите за ситни политички поени, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Поднесувањето на закон за настраданите од Кочани е исто како СДСМ да поднесе измени на закон за потекло на имот, Филипче за модуларната болница, а Заев за враќањето на името. СДСМ да не ја политизира трагедијата во Кочани и да не се обидува преку трагедијата да добие политички поени плус, реагира ВМРО-ДПМНЕ.

185

СДСМ и Венко Филипче се синоним за лицемерие и за дволичност, реагира владјачката ВМРО-ДПМНЕ на предлогот од СДСМ да се донесе закон за подршка на настраданите во трагедијата во Кочани.

„СДСМ и Филипче со години ја уназадуваа и уништуваа државата. На лицемерието и дволичноста на СДСМ и на Филипче им нема крај. СДСМ и Филипче се обидуваат да ја политизираат и трагедијата во Кочани. Поднесувањето на закон за настраданите од Кочани е исто како СДСМ да поднесе измени на закон за потекло на имот, Филипче за модуларната болница, а Заев за враќањето на името. СДСМ да не ја политизира трагедијата во Кочани и да не се обидува преку трагедијата да добие политички поени плус“, реагира ВМРО-ДПМНЕ.






Граѓаните ја препознаа вистината за СДСМ и нивниот начин на владеење со кој ја опустошија, испокрадоа и уназадија државата, се додава во реакцијата.

„СДСМ се синоним за неспособност, предавства и за криминал“, потенцира ВМРО-ДПМНЕ.

 

Со почит,

Поврзани содржини