СЕ НАДЕВАМ ДЕКА ТОА НЕМА ДА ГО НАПРАВИ Соработката со ДУИ би била политичко самоубиство за Таравари, вели Николовски

517

Разговараме со коалиционите партнери и имаме јасна визија каде треба да се движи државата. Имаме стабилна Влада и не оставаме никаков простор за соработка со ДУИ било формална или неформална, вели вицепремиерот и потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски.

– Премиерот има многу јасна визија каде сака да се движи државата, но она што е клучно во неговата визија е дека мора да имаме силна битка со организираниот криминал и корупција, кои најмногу беа олицетворени во ДУИ. Наше јасно ветување беше дека ДУИ ќе биде во опозиција, и ДУИ е во опозиција, и затоа не оставаме никаков простор за соработка со ДУИ, на било кој елемент во рамки на Владата и во било која форма на соработка со политичката партија  ДУИ, без разлика дали се работи за формална, неформална соработка, соработка само за локални избори  и тука е всушност главната забелешка кон Арбен Таравари и кон неговото однесување. Соработката со ДУИ би била политичко самоубиство за Таравари – категоричен е Николоски.






Тој истакна дека Владата е многу стабилна и граѓаните ги поддржуваат политиките на ВМРО-ДПМНЕ.

– Владата е многу стабилна, ние сме многу благодарни на поддршката која што ја добивме минатата година, ВМРО-ДПМНЕ освои 58 пратеници, нашиот главен политички опонент освои 18, има пратеници кои што ја поддржуваат политиката на ВМРО-ДПМНЕ, тука е коалицијата со политичката партија ЗНАМ, така што ние во моментов, ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ, ближиме во моментов некаде околу 66-67 пратеници, што е многу комотно мнозинство – истакна вицепремиерот Николоски.

Поврзани содржини