УТРЕ ПОВЕЌЕ СОНЦЕ Температурата ќе се искачи до 28 степени

186

Променливо облачно со сончеви периоди ќе биде времето утре. Ќе дува умерен, а во западните делови засилен ветер од југозападен правец. Попладне ќе има изолирана појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и со засилен ветер.

Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 12, а максималната ќе достигне од 20 до 28 степени.






Во Скопје, времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен ветер од југозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне до 27 степени.

Во ноќта петок кон сабота и во сабота претпладне ќе биде нестабилно со локални поројни врнежи од дожд, кои наместа ќе бидат пообилни проследени со појава на грмежи. Преодно стабилизирање на времето ќе има во недела, а во понеделник се очекуваат повремени врнежи од дожд.

Дневните температури од сабота ќе бидат во опаѓање.

Поврзани содржини