ЗГРОЗЕНИ СМЕ, ЃУБРЕТО ВО ФУДБАЛОТ МОРА ДА СЕ ИСЧИСТИ Засрамени сме од сцените во Гевгелија, реагира ФФМ

Фудбалската федерација на Македонија со длабоко разочарување и огорченост го следеше натпреварот помеѓу ФК Кожуф и ФК Башкими од Втора македонска фудбалска лига. Сцените што сите ги видовме на теренот и однесувањето на поединци претставуваат директна навреда за фудбалот, реагира ФФМ.

1,356

Фудбалската федерација на Македонија експресно се огласи поради скандалозниот епилог кој денеска го постигна Башкими за победа над Кожуф во самата завршница.

Од ФФМ истакнаа дека по доставувањето на извештаите од официјалните лица на натпреварот ќе биде одлучено и каква казна ќе има за виновниците.






Соопштението ви го пренесуваме во целост:

„Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) со длабоко разочарување и огорченост го следеше натпреварот помеѓу ФК Кожуф и ФК Башкими од Втора македонска фудбалска лига. Сцените што сите ги видовме на теренот и однесувањето на поединци претставуваат директна навреда за фудбалот, за фер-плејот и за сите што со чесна намера учествуваат во спортот. Она што го видовме е срамно и неприфатливо. Ова раководство на ФФМ нема да дозволи ваквите појави да станат норма, ниту да поминат без последици“, се наведува во реакцијата.

ФФМ очекува целосни извештаи од официјалните лица на натпреварот, по што ќе бидат преземени сите мерки во рамките на нашата надлежност.

„Нема да има заштитени – секој што со своето однесување го нарушил интегритетот на натпреварувањето ќе биде соочен со одговорност. Нашата цел е јасна: фудбал без дамка, натпревари во кои резултатите се одлучуваат на теренот, а не зад кулисите. ФФМ останува цврсто определена да стави крај на нечесните практики и да го врати достоинството на македонскиот фудбал. Време е конечно да расчистиме со ѓубрето што со години го труе македонскиот фудбал. Во соработка со МВР и надлежните институции ќе преземеме сè што е потребно ваквите случаи да добијат соодветен епилог“, реагира ФФМ.

Поврзани содржини