ЗОШТО ОБВИНИТЕЛСТВОТО МОЛЧИ ЗА КРИВИЧНО ДЕЛО НА СПАСОВСКИ ТЕШКО 25 МИЛИОНИ ЕВРА? Синдикатот на полицијата бара одговор за пријава поднесена во 2021 година

Поранешниот министер за внатрешни работи О.С., поранешниот помошник министер за правни работи и судски постапки В.Д. заради основано сомнение дека истите со незаконско работење и со предизвикување на повеќе од 25.000 поднесени тужби, причиниле штета на буџетот на МВР во износ над 25 милиони евра, велат од Синдикатот на полицијата и прашуваат дали обвинителството чека делото да застари.

553

Синдикатот на Полицијата (СПМ) бара одговор од надлежно обвинителство за кривичната пријава поднесена против екс-министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и поранешниот помошник министер за правни работи и судски постапки.

Според СПМ, екс-министерот заедно со помошникот го оштетиле Министерството за внатрешни работи за повеќе од 25 милиони евра со незаконско работње и со предизвикување на повеќе од 25.000 поднесени тужби.






„Денес сме пред ОЈОГОКК, по не знаеме кој пат да потсетиме за основната обврска што ја има оваа институција, а тоа е почитување на законите и владеење на правото во Република Македонија.

Целта на денешната реакција на Синдикат на Полиција во Македонија – СПМ до ова обвинителство е поради тоа што на ден 03.09.2021 година СПМ поднесе кривична пријава против поранешниот министер за внатрешни работи О.С., поранешниот помошник министер за правни работи и судски постапки В.Д. заради основано сомнение дека истите со незаконско работење и со предизвикување на повеќе од 25.000 поднесени тужби, причиниле штета на буџетот на МВР во износ над 25 милиони евра.

Затоа денес, СПМ јавно го прашува ова обвинителство дали до сега има преземено било какви мерки и дали единствено чека ова кривичното дело да застари, за потоа да се произнесе и кривичната пријава да ја отфрли како застарена.

Ги повикуваме сите надлежни институции од државата соодветно да реагираат и конечно правдата во Македонија да завладее, законите мора да важат во оваа држава за сите“, велат од СПМ во соопштение до јавноста.

Поврзани содржини