ПОПЛАДНЕ ОЧЕКУВАЈТЕ НЕВРЕМЕ Ќе биде топло, но со облаци

329

Променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и со засилен ветер ќе биде времето денеска.

Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, силен ветер и со изолирана појава на град.






Во Скопје, времето денеска ќе биде променливо облачно. Попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и со услови за краткотрајно невреме со изолирана појава на град.

Температурата ќе се задржи висока за овој период од годината, со максимални 29 степени.

Поврзани содржини