📽 ЕКСПЛОЗИЈА РАЗНЕСЕ ЗГРАДА ВО МОСКВА, ТРОЈЦА ЗАГИНАА Шокантни снимки покажуваат тела на жртви што висат од терасите

Министерството за вонредни ситуации на Русија соопшти дека екипите за итна интервенција пристигнале на местото на експлозијата во југозападната московска населба Јасенево во неделата навечер. Пожарникарите имале потреба од околу 1 час за да го изгаснат пожарот, при што дел од деветтиот кат од зградата се урнал.

498

Тројца загинаа по експлозија што разнесе станбена зграда во Москва и предизвика пожар, објави Москов тајмс.

Министерството за вонредни ситуации на Русија соопшти дека екипите за итна интервенција пристигнале на местото на експлозијата во југозападната московска населба Јасенево во неделата навечер. Пожарникарите имале потреба од околу 1 час за да го изгаснат пожарот, при што дел од деветтиот кат од зградата се урнал.






Министерството соопшти дека најмалку 2 тела биле пронајдени на балкон, а 6 други лица се згрижени поради повреди. Околу 150 жители биле привремено евакуирани и сместени во блиско училиште.

Анонимен полициски извор изјавил дека бројот на загинати се искачил на 3 во понеделникот наутро. Засега нема официјална потврда за третата жртва.

Градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, изјави дека причината за пожарот сè уште не е позната.

Се појавија вознемирувачки снимки од местото на експлозијата во станбената зграда, кои ги прикажуваат моментот по детонацијата и последиците од силниот удар. На снимките се гледаат оштетените катови и урнати делови од фасадата. Особено шокантни се сцените на телата на двете жртви кои, според наводите, останале да висат на балконот по експлозијата.

Надлежните органи покренаа кривична истрага за експлозијата, но не соопштија дали има обвинети.

Поврзани содржини