На 02.05.2025 година во 16.45 часот во Полициската станица Кавадарци било пријавено дека на крстосницата од улиците Ресавска и Народен фронт во Кавадарци , се случила сообраќајна несреќа во која што мопед марка „хамачи“ со кавадаречки регистарски таблички управуван од Д.Ѓ. (22) од Кавадарци се излизгал на патот во моментот кога крстосницата ја минувало патничко возило „ланд ровер“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од Ѓ.С.(74) исто така од Кавадарци, информира МВР.
Во несреќата од падот Д.Ѓ. се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Општата болница Кавадарци.
Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кавадарци.