СОБРАНИСКОТО МНОЗИНСТВО ОЧЕКУВА ОСТАВКА ОД ПРЕТСЕДАТЕЛКАТА НА АНТИКОРУПЦИСКА Пратеничката Петрушевска ги повикува и петмината од Судскиот совет да ги напуштат функциите

Ние како пратеници, парламентарно мнозинство во Собрание, многу внимателно ја следиме состојбата изминатите денови и почитувајќи ја презумпцијата на невиност. Во овој момент остануваме воздржани во делот на коментирање на самиот чин и инволвираноста на првиот човек на Антикорупциска во еден сериозен криминален скандал, вели пратеничката Марија Петрушевска.

212

Со право е загрижена јавноста во врска со најклучната алка во борбата со корупцијата и организираниот криминал, а тоа е Државната комисија за спречување на корупцијата, рече пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Марија Петрушевска во гостување на МРТ1.

– Ние како пратеници, парламентарно мнозинство во Собрание, многу внимателно ја следиме состојбата токму во овој дел изминатите денови и почитувајќи ја презумпцијата на невиност. Во овој момент остануваме воздржани во делот на коментирање на самиот чин и инволвираноста на првиот човек на Антикорупциска во еден сериозен криминален скандал. Очекуваме чин на оставка – рече Петрушевска.






Петрушевска е децидна дека имплементацијата на законодавството за борба со корупцијата е директно поврзана со системот на вредности и интегритет.

– Имплементацијата на законодавството, вклучително борбата со корупцијата, е директно врзана со системот на вредности и интегритетот. Само неколку месеци наназад токму во Собранието изгласавме недоверба на членовите на Судски совет, уште една, исклучително независна институција согласно Уставот и законите која треба да се грижи и да генерира независно судство и јавно обвинителство со тоа што ќе се приклучи во борбата со криминалите дејанија. Што се случи кога Собранието презема активности во овој дел? Во услови кога имате изгласан негативен извештај на Судски совет, со само 2-3 отсто доверба од граѓаните на ниво на статистичка грешка и кога Собранието, кое е претставник на народот и ви дало легитимитет, им гласа недоверба, тие продолжуваат да си ја вршат функцијата и не го почитуваат гласот на народот – рече Петрушевска.

 

Поврзани содржини