ПОТРЕБНА Е СОРАБОТКА ЗА СТАБИЛНОСТ ВО РЕГИОНОТ Мицкоски се сретна со Сали Бериша

Средбата претставуваше можност за размена на мислења и ставови за актуелните политички и општествени процеси во регионот, како и за унапредување на соработката и разбирањето меѓу соседните народи, напиша премиерот Мицкоски на својот Фејсбук профил.

252

Премиерот Христијан Мицкоски на својот фејсбук профил објавии фотографии од средба со порашениот претседател и премиер на Република Албанија Сали Бериша. Мицкоски вели дека на средбата се разговарало за предизвиците со кои се соочуваат демократските сили на Балканот, како и за потребата од зајакнување на европските вредности и стабилноста во регионот.

„Средбата претставуваше можност за размена на мислења и ставови за актуелните политички и општествени процеси во регионот, како и за унапредување на соработката и разбирањето меѓу соседните народи“, напиша премиерот на својот Фејсбук профил.






Поврзани содржини