ЈАХОСКИ ОСТАНУВА ВО „ШУТКА“ Гаранцијата од 2 милиони евра не е доволна

Судот не ја прифати понудената гаранција на газагата на „Пуцко петрол“ Асмир Јахоски, кој е осомничен за перење пари. И покрај позитивното мислење на Обвинителството, притворот останува поради ризик од влијание врз истрагата.

525

Кривичниот совет на одделението за гонење организиран криминал и корупција при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на Асмир Јахоски, осомничен за перење пари и други приноси од казниво дело, поднесен преку неговиот бранител, за замена на мерката притвор со гаранција, по одржана седница и извршен увид во целокупните списи на предметот, донесе решение со кое предлогот на осомничениот се одбива како неоснован.

„Имено, судот, ценејќи ги сите околности поврзани со истрагата, и покрај даденото позитивно мислење на Јавниот обвинител, смета дека во овој момент сеуште постојат околностите за постоење на определената мерка притвор од точка 2 од чл. 165 ст.1 од ЗКП односно околности кои укажуваат дека може да ја попречи истрагата со влијание на сведоците како и дека може да сокрие, фалсификува или уништи трагите на кривичното дело, од причина што истражната постапка сѐ уште е во тек и сѐ уште се преземаат други истражни дејствија за прибирање докази. Ова дотолку повеќе што Кривичниот совет го продолжил притворот на осомничениот по доставен предлог на ОЈО ГОКК од 08.04.2025 година токму поради постоење на причините предвидени во чл. 165 ст.1 т. 1 и 2 од ЗКП. Против ова решение странките имаат право на жалба пред Апелациониот суд Скопје во рок од 3 дена од приемот на истото“, наведено е во соопштението на Кривичен суд.






ЈАХОСКИ НУДИ 2 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА СЛОБОДА Судот размислува дали да го пушти газдата на Пуцко Петрол од „Шутка“

ОБВИНИТЕЛСТВО ПОСТАВИ УСЛОВИ ЗА ПУШТАЊЕ НА ЈАХОСКИ Покрај недвижностите се бара кеш и одземање на пасошот

Поврзани содржини