ЗНАМ САКА ДА ОДИ СО СВОИ СОВЕТНИЦИ, А ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЦИ ДА СЕ ДОГОВАРА СО ВМРО-ДПМНЕ Движењето почнува кампања низ општините

Централниот одбор на партијата донел одлука во втората половина на јуни да се одржи втор изборен Конгрес на кој ќе бидат избрани претседател на партијата, како и централен и надзорен  одбор со мандат од четири години.

325

Движењето ЗНАМ размислува да настапи со самостојни советнички листи на претстојните локални избори, а за градоначалници размислува за взаемна поддршка со ВМРО-ДПМНЕ.

Движењето ЗНАМ – За Наша Македонија од утре, 23 април 2025 година, во рамки на кампањата „Заедно повеќе знаеме“ во следните 60 дена ќе ги посети сите општини во Македонија и ќе одржи средби со членовите, симпатизерите и граѓаните.






– Целта е директно да се запознаат со проблемите на граѓаните, но и да се слушнат нивните предлози, сугестии и мислења, кои ќе послужат за креирање на програмата за претстојните локални избори – рече директорот на Центарот за комуникации и аналитика на Движењето ЗНАМ, Никола Мемов денеска на прес конференција.

По средбите, партијата ќе направи анализа за избор на квалитетни кадри за кандидати за градоначалници и кандидати за советници.

– Движењето ЗНАМ формира преговарачки тим за соработка со политичките партии и во рамките на владиното партнерство веќе ги почнуваме преговорите со нашиот  партнер во владата ВМРО-ДПМНЕ. Во делот на настапот на локалните ибори партиското раководство на Движењето ЗНАМ размислува за самостоен настап на ниво на советнички листи, а во делот за изборот на градоначалници на општините, размислуваме за соработка и взаемна поддршка со ВМРО-ДПМНЕ. Кандидатите на ЗНАМ ќе бидат самостојни кандидати на Движењето поддржани од ВМРО-ДПМНЕ и нивната коалиција – рече Мемов одговарајќи на новинарско прашање.

Централниот одбор на партијата донел одлука во втората половина на јуни да се одржи втор изборен Конгрес на кој ќе бидат избрани претседател на партијата, како и централен и надзорен  одбор со мандат од четири години.

ЗНАМ до сега има формирано повеќе од 50 општински организации во Македонија, а бројот на членови расте.

 

Поврзани содржини