📽 СКАНДАЛОЗНА ИЗЈАВА НА ПОРАНЕШЕН ХРВАТСКИ ЕВРОПРАТЕНИК Во парламентот се влегува според сексуална определба?!

Не можете да дојдете на тоа место, не постои никаква шанса. За да станете шеф на било кој оддел, а тоа е 25.000 евра плата не може ако не сте формално оженет за маж, вели пораншениот хрватски европратеник.

1,085

„Вие ако сте хетеросексуален нема шанси да се вработите во Европскиот парламент или во некои други институции. Кој не верува нека прошета низ Парламентот и сè ќе му биде јасно. Челник на ниту една група не може да биде ако не е службено оженет за маж. Не можете да дојдете на тоа место, не постои никаква шанса. За да станете шеф на било кој оддел, а тоа е 25.000 евра плата не може ако не сте формално оженет за маж“.

Вака вели поранешниот хрватски европратеник Мислав Колакушиќ во неодамнешно гостување на поткаст зборувајќи за тоа како, според него, функционира европската бирократија.






Колакушиќ беше независен европратеник од 2019 до 2024 година и беше познат по јавните европскептични настапи во европарламентот, критикувајќи ги економските политики, инфлацијата и политиките на Унијата за време на пандемијата со ковид-19.

Поврзани содржини