ВЕЛИГДЕН НЀ ОБЕДИНУВА ОКОЛУ ЉУБОВТА, СОЛИДАРНОСТА И ПРОШКАТА Велигденска честитка од ДУИ до сите христијани

Во духот на заедништвото, ДУИ изразува почит кон сите христијански заедници во нашата земја, кои се нераскинлив дел од нашата мултиетничка држава. Им посакуваме мирен и благословен празник, се вели во велигденската честитка од ДУИ.

74

По повод големиот христијански празник Велигден, Демократската унија за интеграција упатува најсрдечни честитки до сите верници од православната и од католичката вероисповед кои денес празнуваат, соопшти партијата.

„Велигден е симбол на надежта, животот и победата на светлината над темнината. Тоа е ден што нè обединува околу универзалните вредности на љубов, солидарност и прошка. Во духот на заедништвото, ДУИ изразува почит кон сите христијански заедници во нашата земја, кои се нераскинлив дел од нашата мултиетничка држава. Им посакуваме мирен и благословен празник, исполнет со духовна радост, здравје и хармонија во семејствата“, се вели во велигденската честитка од опозициската ДУИ.

Поврзани содржини