РУСИЈА ГО ВРАТИ КУРСК ПОД СВОЈА КОНТРОЛА Герасимов го информирал Путин дека територијата е ослободена

Во областа на Курск, каде што украинските вооружени сили извршија упад, најголемиот дел од територијата сега е ослободен. Станува збор за 1.260 квадратни километри или 99,5% од територијата, посочил началникот на Генералштабот на Армијата на Русија, Валери Герасимов.

1,250

Началникот на Генералштабот на Армијата на Русија, Валери Герасимов, на денешната средба го информирал претседателот на Русија, Владимир Путин, дека руските сили повратиле повеќе од 99% од територијата на Курск што украинската војска ја зазеде за време на упадот во август минатата година, пренесуваат руските медиуми.






– Во областа на Курск, каде што украинските вооружени сили извршија упад, најголемиот дел од територијата сега е ослободен. Станува збор за 1.260 квадратни километри или 99,5% од територијата – посочил Герасимов.

Претходно денеска беше објавено дека руските војници повторно го вратиле под своја контрола селото Олешња во областа Курск.

ПУТИН ПРОГЛАСИ ПРИМИРЈЕ, А „ШАХЕДИ“ ЛЕТААТ НАД УКРАИНА Зеленски вели дека рускиот претседател манипулира со човечките животи

Поврзани содржини