📽️ КАТАСТРОФАЛНИ ПОПЛАВИ ВО ИТАЛИЈА Има мртви и исчезнати, но тука не е крајот
Десетици луѓе мораа да бидат евакуирани од поплавените подрачја, понекогаш со своите домашни животни. Во долината Аоста, околу 5.000 семејства останаа без струја во четвртокот вечерта, соопшти локалната компанија за дистрибуција на електрична енергија.
Денеска се пронајдени телата на две лица кои беа пријавени за исчезнати за време на невремето во северна Италија, соопштија пожарникарите, со што бројот на жртви во областа се искачи на три.
Телата на 64-годишен маж и неговиот 33-годишен син, чиј автомобил беше однесен од порој, се пронајдени во близина на Виченца во североисточната провинција Венето.
Претседателот на провинцијата Венето, Лука Заија, изрази сочувство за жената која ги загуби сопругот и синот и рече дека тоа е „незамислива трагедија“.
Heavy floods due to torrential rainfall in Rubiana of Turin, Italy 🇮🇹 (17.04.2025) pic.twitter.com/9zDWpMrp9b
— Disaster News (@Top_Disaster) April 17, 2025
Двајцата се пријавиле како волонтери и биле на пат да помогнат во спасувачките операции кога се случила несреќата.
Во четвртокот, 90-годишен маж беше пронајден во неговата поплавена куќа во Пиемонт на северозападот на земјата.
Северна Италија, како и француските и швајцарските Алпи во четвртокот беа погодени од силен дожд, кој на повисоките места се претвори во снег, што доведе до бројни блокади на патиштата поради лизгање на земјиштето и поплави.
Десетици луѓе мораа да бидат евакуирани од поплавените подрачја, понекогаш со своите домашни животни. Во долината Аоста, околу 5.000 семејства останаа без струја во четвртокот вечерта, соопшти локалната компанија за дистрибуција на електрична енергија.
Снимките од Франс прес покажуваат улици преплавени со кал во Монтео да По во Пиемонт, малиот град каде пожарникарите вчера го пронајдоа мртов 90-годишниот старец.
Снимките од други места во областа покажуваат улици покриени со урнатини и кал.