ИЗРАЕЛСКИТЕ НАПАДИ ВРЗ СИРИЈА СОЗДАВААТ ПРОСТОР ЗА ИСЛАМСКА ДРЖАВА Турција бара вклучување на Курдите во сирискиот Устав

Министерот за надворешни работи на Турција, Хакан Фидан, категорично се спротивстави на плановите на Израел за депопулација на Појасот Газа и преселување на Палестинците во трети земји. Тој истакна дека Јордан и Египет не одговориле позитивно на идејата за преселување на Палестинците.

297

Министерот за надворешни работи на Турција, Хакан Фидан, изјави дека Турција нема да поддржи ниту една форма на федерална структура во Сирија и дека очекува сите вооружени елементи, вклучително и припадниците на курдските Сили за заштита на народот (ПКК) (кои Анкара ги гледа како огранок на терористичката Курдистанска работничка партија), да се разоружаат и да се интегрираат во националната армија, објави Туркије тудеј.

Фидан го истакна пристапот на Турција кон неодамнешните случувања во Сирија и регионот на состанокот со пратениците од турската владејачка Партија на правдата и развојот.






Тој нагласи дека нема да се толерираат никакви вооружени формации надвор од Сириската национална армија и дека вклучувањето на Курдите во сирискиот Устав како конститутивен елемент е важно за Турција.

Турскиот министер за надворешни работи ги осуди воздушните напади на Израел во Сирија и рече дека тие придонесуваат за дестабилизација на регионот. Тој изјави дека израелските напади ефективно создаваат простор за „Исламска држава“, која е закана за мирот во западниот свет и на глобално ниво.

Фидан, исто така, категорично се спротивстави на плановите на Израел за депопулација на Појасот Газа и преселување на Палестинците во трети земји. Тој истакна дека Јордан и Египет не одговориле позитивно на идејата за преселување на Палестинците.

Поврзани содржини