СЕ РАСПРАВАЛЕ, ПА ГО НАПАДНАЛ СО ОСТАР ПРЕДМЕТ Уапсен 18-годишник од неготинско
Уапсеното момче било задржано во полициска станица и против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информира Секторот за внатрешни работи - Велес.
Неготинската полиција уапси 18-годишник кој нападнал 21-годишник со остар предмет откако имале кавга, соопшти Секторот за внатрешни работи – Велес. Уапсеното момче било задржано во полициска станица и против него ќе биде поднесена соодветна пријава, се додава во написот.
„Утрово во 1:20 часот, полициски службеници од ОВР – Неготино, го лишиле од слобода 18-годишниот Л.Б. од неготинското село Тремник, по претходна пријава дека во селото, по кратка вербална расправија, со остар предмет го нападнал О.Т., на возраст од 21 година од Неготино, појаснуваат од СВР – Велес“, се вели во полицискиот билтен.