НЕ ГЛЕДАЈТЕ ВО ЕКРАНИТЕ, ГЛЕДАЈТЕ ВО ДЕЦАТА! Не дозволувајте и вашите деца да го користат телефонот наместо мозокот!

Па што ако заѕвони…? Што ако го оставите телефонот настрана барем на неколку часа! Ништо нема да се случи ако понекогаш пропуштите повик, ако не одиграте некоја игра, или не ставите некоја слика. Но, ќе го пропуштите животот со вашето дете. Тоа драгоцено време никогаш нема да се врати.

269

Дали сте од оние кои не можат да сфатат како сме живееле без мобилен телефон, како сме се запознавале, како сме одржувале контакти? Дали сте едни од оние луѓе кои целиот свој живот го имаат во својот мобилен телефон?

Дали е тоа навика, порок или едноставно моќта и влијанието на оваа мала направа која секојдневно ја држиме во раце?






Добата без мобилен телефон припаѓа на поновата историја. Не толку одамна, луѓето живееја многу добро без овој уред. Можеби дури и поквалитетно од денес. Едно е сигурно, мобилниот од нешто што беше наш избор да го имаме или не, прерасна во навика, некому му стана работа, а некому целиот свет.

За помалку од една деценија мобилниот телефон стана достапно средство за комуникација за секого.

Наскоро неговата цел и намената станаа ненадминливи, па телефонот се користи наместо мозокот. Буквално! Во него чуваме важни белешки и информации, му го доверуваме животот. Читаме што нè интересира, кликаме додека не се онесвестиме, слушаме и гледаме преку мобилните телефони, работиме преку нив. Достапни сме секогаш, секаде и за секого.

Овие уреди ги заменуваат и телевизијата и радиото. Тие се нашата глава и нашиот ум. Ние веќе не треба да размислуваме, па дури ни да зборуваме. Тој прави се за нас.

Повеќе за ова на порталот „Мајка и дете“.

Поврзани содржини