МЕЏИТИ ГО ПОВИКА ТАРАВАРИ ДА СЕ ИЗЈАСНИ Вреди е антипод на ДУИ, не може и со едните и со другите

Во однос на подготовките за локалните избори, Меџити посочи дека ставот на сите политички субјекти во коалицијата е да се оди со една листа, еден изборен штаб и една заедничка програма.

252

Арбен Таравари, претседателот на Алијанса за Албанците и актуелен министер за здравство, останува единствениот член од Коалицијата Вреди кој, според коалициските партнери, сè уште не расчистил дали останува со Вреди или гледа можност за соработка со ДУИ.

Ова го изјави вицепремиерот и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити, по состанокот на советодавната комисија Рамсар, посветен на иднината на Преспанското Езеро кое ја поврзува Македонија со Албанија и Грција.






– Односите со министерот за здравство Арбен Таравари се добри и комуницираме, но сите треба да имаат предвид дека Вреди е антипод на ДУИ, односно Коалиција која победи на претходните парламентарни избори и ја донесе долгоочекуваната промена во албанскиот кампус. Ние работиме на таа промена до крај за тоа да го почувствуваат и граѓаните … Никој нема дилеми во Коалицијата, единствениот којшто има дилеми, којшто гледа можност за соработка со Демократската унија за интеграција, е господинот Таравари, затоа него ќе го прашате, но мислам дека Вреди ги доби гласовите, 107.000 гласови како антипод и предводник на промените во делот на албанскиот кампус. Така што, никој нема дилеми освен Таравари којшто треба да расчисти со дилемите. Вреди и соработка со ДУИ мислам дека е неприродно – нагласи Меџити.

Тој додаде дека се водат разговори внатре во Коалицијата Вреди за сите политички субјекти да се претворат и втопат во Вреди како единствена политичка партија која ќе ги претставува Албанците на претстојните локални избори.

Во однос на подготовките за локалните избори, Меџити посочи дека ставот на сите политички субјекти во коалицијата е да се оди со една листа, еден изборен штаб и една заедничка програма.

– Ставот на сите политички субјекти внатре во Вреди е да одиме со заеднички кандидати, заеднички листи, заеднички штаб, програма и платформа, дури негде каде што има анализа и проценка дека треба да испаднеме и надвор од Вреди и да поддржиме независен кандидат и тоа ќе го направиме. Градоначалниците се избираат по мнозински модел, додека системот за листите ги фаворизира големите и нема никаква смисла кога веќе сме кај големите да преминеме кај малите, бидејќи тоа ќе значи расцепување на гласови кои ќе одат во прилог на Демократската унија за интеграција. Тогаш се поставува прашањето за кого работиме. Сите политички аргументи одат во прилог да одиме со заеднички листи, а имајќи предвид дека има веќе иницијативата за Вреди да се претопи во една политичка партија, нема никаква дилема дека Вреди ќе има една листа, еден штаб и една програма – рече Меџити.

Поврзани содржини