ПРЕМИЕРОТ Ѝ ПОРАЧА НА ДУИ ДА ЏОГИРА НА ВОДНО „Можеби ќе им се разбистри умот“

979

Во ДУИ очигледно владее голема нервоза од она што се случува во државава, па и не чуди што периодов повторно шират етнички тензии и за многу прашања наметнуваат етнички предзнак. Ваквата тактика на интегративците, според премиерот Христијан Мицкоски, не е изненадување во услови кога повеќе функционери од ДУИ се под истрага.

– Јас би ги повикал да се вратат на онаа зелена агенда којашто ја промовираа пред неколку години кога џогираа на падините на скопско Водно, можеби при таков џогинг ќе им се разбистри умот и ќе дадат некоја квалитетна идеја – порача Мицкоски.






Премиерот ги оцени како безпредметни обвинувањата кои доаѓаат од ДУИ и нејзиниот лидер Али Ахмети дека Владата работи моноетнички што има за цел да го преобликува политичкиот модел на државата од мултиетничка во моноетничка демократија.

 

Поврзани содржини