🎥 СЕ ПОРОДИ НАЈУБАВАТА ЖЕНА НА СВЕТОТ Меган Фокс го доби првото дете со Машин Ган Кели

Меган Фокс и раперот Машин Ган Кели го добија своето прво дете, што беше потврдено и на социјалните мрежи.

660

Една од најубавите жени на светот, актерката Меган Фокс (38) објави дека е бремена во ноември минатата година, а сега пристигна и убавата вест – се породи!

Меган Фокс и раперот Машин Ган Кели го добија своето прво дете, што беше потврдено и на социјалните мрежи.






„Конечно е овде. Нашето мало небеско семе“, напиша славниот рапер покрај емотивното видео што го објави со новородената ќерка.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by mgk (@machinegunkelly)


Шпекулациите за бременоста започнаа уште во јули, но Меган вешто ја криеше бременоста неколку месеци, до ноември кога објави многу емотивна порака и го покажа трудничкиот стомак. Оттогаш таа не се појавила во јавноста.

Меган има турбулентно минато со контроверзниот рапер, а раскинувањето се случи уште пред да се знае дека чекаат дете, па многу луѓе сега не се сигурни дали славниот пар се смирил и ги закопал секирите поради доаѓањето на бебето.

Тие се запознале на снимањето на филмот „Midnight in the Switchgrass“ во 2020 година и набргу потоа се свршија. Беа една од највљубените двојки во свескиот шоубиз.

Меган Фокс има три деца со поранешниот сопруг Брајан Остин Грин. Тие се разведоа во мај 2020 година, по десет години брак.

Машин Ган Кели има ќерка од претходната врска.

Поврзани содржини