📽 МАСОВЕН РУСКИ НАПАД ВРЗ ХАРКОВ ПРЕДИЗВИКА ПОЖАРИ Дроновите разорија згради, повредени се 9 лица

Градоначалникот на Харков, Ихор Терехов, изјави дека имало најмалку 12 напади со дронови врз градот кој е честа цел на руската војска и кој се наоѓа на околу 30 километри од границата.

228

Руските сили доцна синоќа извршиле масовен напад со дронови врз Харков, вториот по големина град во Украина, при што биле повредени 9 лица и била предизвикана значителна материјална штета.

Службите за итни случаи на социјалните мрежи соопштија дека нападите предизвикале 4 пожари во центарот на градот и објавија слики од пожарникари кои се борат со пламените јазици покрај купишта урнатини. Се наведува дека нападите предизвикале сериозни оштетувања на зградите.






Градоначалникот на Харков, Ихор Терехов, изјави дека имало најмалку 12 напади со дронови врз градот кој е честа цел на руската војска и кој се наоѓа на околу 30 километри од границата.

Харков се одбрани од заземање во првите недели од почетокот на инвазијата на Русија врз Украина во февруари 2022 година, но честопати е цел на дронови и на проектили.

Напад со дрон предизвика и пожари во централниот град Дњепар, соопшти регионалниот гувернер Серхиј Лисак на Телеграм. Сликите, објавени на интернет, покажуваат чад и пламени кои се издигнуваат кон небото.

Поврзани содржини