НОВА ЕРА ВО МЕДИЦИНАТА Конечно разбираме како настанува Паркинсоновата болест, а тоа отвора нови можности во терапијата

Едно од најновите откритија во светот на неврологијата кое го промени начинот на кој ги разбираме целуларните процеси во мозокот се однесува на протеинот познат како Пинк-1. Австралиските научници дошле до револуционерно откритие, кое е објавено во списанието „Science“.

447

Д-р Тихомир Илиќ, познат невролог, за Еуроњуз Србија го нагласува значењето на ова откритие, нарекувајќи го „апсолутно големо откритие“. Тој објаснува дека разбирањето на функцијата на нервните клетки и митохондриите, кои делуваат како енергетски централи, носи нова перспектива во истражувањето на Паркинсоновата болест, невродегенеративно нарушување кое погодува голем број луѓе ширум светот.

Д-р Илиќ опишува како, благодарение на иновативниот технолошки напредок, како што е крио-електронската микроскопија со висока резолуција, научниците за прв пат успеале да ја визуелизираат структурата на протеинот Пинк-1.






Овој протеин, вели тој, ја игра улогата на „главен инспектор“ во нашите клетки, надгледувајќи го квалитетот на работа на митохондриите.

„Ако Пинк-1 не ја провери исправноста на енергетските централи, процесот почнува да шкрипи“, нагласува д-р Илиќ.

Повеќе за ова прочитајте ТУКА.

Поврзани содржини