ЌЕ ИМА ДОВОЛНО ЈАЈЦА ЗА ВЕЛИГДЕН Цените ќе останат исти

Производителите на јајца потсетуваат дека потрошувачите при купувањето треба да ја проверуваат трајноста и потеклото на јајцата.

68

Македонскиот пазар е стабилен и снабден со доволни количини квалитетни и безбедни конзумни јајца, соопшти Групацијата за живинарство на Стопанската комора во пресрет на Велигден.

„Како традиционален производ кој е дел од Велигденските обичаи, јајцата се достапни во доволни количини во трговските мрежи, пазари и фармерски продавници“, се наведува во соопштението.






Компаниите од овој сектор, членки на Комората и претставници на ресорното Министерство во понеделникот имаа средба на која најголемите производители и извозници на јајца, најавија активна соработка со дистрибутерите и трговците со цел да се задоволи зголемената побарувачка во овој период од годината, а притоа цените да останат на конкурентно ниво, во согласност со пазарните трендови.

Ресорното министерство и надлежните институции ги следат состојбите и се подготвени да преземат мерки доколку се јави потреба од дополнителна стабилизација.

Производителите на јајца потсетуваат дека потрошувачите при купувањето треба да ја проверуваат трајноста и потеклото на јајцата. Тие очекуваат граѓаните да ги поддржат локалните производители.

 

Поврзани содржини